Esat Fırat
17 Јуни 2021•Ажурирај: 18 Јуни 2021
КУДС (АА) - Придружувани од израелската полиција, радикалните Евреи влегоа во дворот на „Месџид ал Акса“, во подрачјето на Стариот Град на окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Администрацијата на исламскиот вакаф во Кудс објави писмено соопштение во кое се наведува дека 147 радикални Евреи преку портата „Ал Магарибе“ (Мароко) која се наоѓа во југозападниот дел од „Месџид ал Акса“, извршиле упад во „Харем-и Шериф“.
Еврејската група, која била под заштита на израелската полиција, го напуштила „Месџид ал Акса“ откако талкала низ дворовите на „Харем-и Шериф“.
Се очекува радикалните Евреи да ги продолжат своите упади во попладневните часови.
Ваквите упади на радикалните Евреи во утринските и попладневните часови во „Харем-и Шериф“ предизвикуваат ескалација на тензиите во регионот.
- Се нарушува суверенитетот на Администрацијата на исламскиот вакаф во Кудс (Ерусалим) -
Според Мировниот договор потпишан помеѓу Израел и Јордан на 26 октомври 1994 година, „Месџид ал Акса“ е под покровителство на Управата на исламскиот вакаф во Кудс, која е поврзана со јорданското Министерство за вакаф и исламски работи.
Сепак, од 2003 година досега, без дозвола на Администрацијата, Евреите влегуваат во „Месџид ал Акса“ со еднострана одлука на Израел, придружувани од полицијата.
Окарактеризирајќи ги овие влегувања како упад, Управата на исламскиот вакаф на Кудс наведува дека е нарушен суверенитетот на муслиманите.