Ali Cura
28 Февруари 2022•Ажурирај: 01 Март 2022
МОСКВА (АА) - Русија го затвори својот воздушен простор за авионите на 36 земји, вклучувајќи ги Германија и Франција, како одговор на европските држави кои го затворија својот воздушен простор за руските авиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на руската Федерална агенција за воздушен транспорт (Rosaviatsiya) се истакнува дека во согласност со меѓународните законски норми, одговориле на европските држави кои го затворија нивниот воздушен простор за руските авиони или за летовите на цивилните авиони регистрирани во Русија.
Се наведува дека се воведени ограничувања за авиокомпании од 36 земји, а тоа се земјите: Австрија, Албанија, Велика Британија, Белгија, Бугарија, Британските Девствени Острови, Унгарија, Германија, Гибралтар, Грција, Данска, (Гренланд, вклучувајќи ги и Фарски Острови), Ирска, Исланд, Шпанија, Италија, Канада, Кипар, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Финска, Хрватска, Чешка, Шведска и Естонија.