Emel Öz Gözellik
03 Март 2019•Ажурирај: 04 Март 2019
АНКАРА (АА) - Во американската сојузна држава Луизијана возило влета во маса од луѓе. Во несреќата животот го загубија 2 лица, а 8 се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во американските медиуми, претставниците на полицијата информираат дека во улицата „Еспланада“ во американскиот град Њу Орлеанс, едно лице со своето возило влетало во маса од луѓе, убивајќи 2 лица, а повредило 8-мина.
Властите соопштија дека повредените се префрлени во локалните болници.
Возачот на возилото е приведен и започната е истрага во врска со настанот.