Ali Murat Alhas
03 Март 2019•Ажурирај: 04 Март 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) и Јужна Кореја ги завршија двете големи воени вежби што на годишно ниво се одржуваат на Корејскиот Полуостров, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Во соопштението на американското Министерство за одбрана се наведува дека вршителот на должноста државен секретар за одбрана, Патрик Шанахан и министерот за национална одбрана на Јужна Кореја, Џеонг Кјеонг До, остварија телефонски разговор и ја оценија координацијата на мерките за воспоставување целосна денуклеаризација и траен мир на Корејскиот Полуостров.
„Државниот секретар и министерот ги разгледаа и одобрија одлуките на Алијансата препорачани од страна на командантот на американските сили во Кореја и началник на заедничкиот Генералштаб на Република Кореја за комбинираната програма за вежби и обука. По меѓусебната координација двете страни одлучија да ја завршат серијата вежби „Key Resolve“ и „Foal Eagle““, се вели во соопштението.
Имаше обвинувања во врска со одлуката за завршување на вежбите по Самитот на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун кој се одржа во Ханој, Виетнам.
Вежбата „Foal Eagle“ се одржуваше секоја година напролет уште од 2011 година, додека вежбата „Key Resolve“ се одржуваше од 1976 година.