Ekipa
20 Јули 2018•Ажурирај: 21 Јули 2018
БРЕНСОН (AA) - Шерифот на округот Стон во американската држава Мисури, Дог Рејдер, изјави дека е потврдена смртта на најмалку 11 лица, откако се преврте туристички брод, а потоа и потона во езерото Тејбл Рок, кое претставува популарна дестинација за одмор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Рејдер истакна дека се хоспитализирани седум лица, а дека пет и понатаму се водат за исчезнати. Тој изјави дека нуркачите, поради темнината, морале да ја завршат претрагата на езерото кај гратчето Бренсон.
Националниот одбор за безбедност во сообраќајот, на Твитер изјави дека инспекторите ќе дојдат утринава за да започнат со истрагата.
Шерифот Рејдер изјави дека веројатна причина за превртувањето на бродот било невремето, проследено со бура, кое се случи синоќа.
Стив Линденберг, вработен во Националниот метеоролошки сервис, нагласи дека Агенцијата синоќа издала сериозно предупредување за подрачјето на Бренсон.
Бренсон се наоѓа 320 километри југоисточно од Канзас Сити и е популарна дестинација за семеен одмор, но и за други туристи кои бараат забава, од тематски паркови, па сè до концерти.