Ali Murat Alhas
20 Јули 2018•Ажурирај: 21 Јули 2018
ДЕИР ЕЗ ЗОР/АНКАРА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК се согласи да ја предаде на сирискиот режим на Башар ал Асад, одговорноста за неколку од сириските најпрофитабилни нафтени полиња, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалните извори, ЈПГ/ПКК и режимот, вчера ги завршиле повеќенеделните преговори.
Во рамките на постигнатиот договор, режимот ќе биде одговорен за транспорт на нафта и гас преку гасоводите поставени и/или одржувани од канадска енергетска компанија.
Режимот, исто така ќе биде одговорен за обезбедување на подрачјата кои се наоѓаат под контрола на ЈПГ/ПКК, со електрична енергија произведена од нафта и гас екстрахирани од нафтените полиња.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, сепак, ќе остане одговорна за екстрахирање на суровата нафта од нафтените извори.
За време на првите шест месеци од Договорот со канадската компанија, гасоводите ќе бидат поставени или поправани, почнувајќи во сириската источна покраина Деир ез Зор.
Поправката на гасоводите ќе започне од нафтените полиња Ал-Омар и Танак, од кои нафтата ќе се транспортира до нафтеното поле под контрола на режимот Тејм.
Гасоводите ќе завршат во рафинеријата во покраината Хомс.
Гасот извлечен од Ал-Омар и Танак, во меѓувреме, ќе биде префрлен во фабриката за гас „Conoco“, под контрола на ЈПГ/ПКК, од каде што режимот потоа ќе набавува гас.
Во овој контекст, делегацијата на режимот, заедно со руските енергетски ескперти неодамна го посетија Ал-Омар, кој се смета за сириско најголемо нафтено поле.
На 2 јуни, ЈПГ/ПКК и режимот се согласија да тргуваат со нафта од полето Ал-Омар. Една година претходно, двете страни се согласија да ги споделат приходите добиени од нафтените полиња лоцирани во покраината Хасека, која се наоѓа под контрола на ЈПГ/ПКК.
Терористичката организација поддржана од САД моментално контролира околу 70 отсто од вкупните нафтени ресурси во Сирија.
Лоцирана во близина на ирачката граница, покраината Деир ез Зор е „дом“ на најголемите сириски нафтени полиња. Од најголемите нафтени подрачја во земјата, 11 се лоцирани источно од реката Еуфрат, која минува низ покраината Деир ез Зор.
Се смета дека околу една третина од вкупната енергија на сириското производство доаѓа од нафтените полиња Ал-Омар, Танак, Вард, Афра, Кевари, Џафра, Џарнуф, Азрак, Кахар, Шуејтат и Галбан, кои се наоѓаат источно од реката Еуфрат.