Dildar Baykan
24 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
ВАШИНГТОН
Советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД), Роберт О'Брајен соопшти дека САД ќе пренесат ракети и бомби на Филипините, пренесува Агенција Анадолија (АА).
О'Брајен за време на неговата посета на Манила, главниот град на Филипините, истакна дека ќе испратат разни видови оружје на Филипините.
Потсетувајќи дека Филипините се борат против тероризмот и територијалните спорови, О'Брајен рече: „Претседателот Доналд Трамп е на страната на филипинскиот претседател Родриго Дутерте во борбата против ДЕАШ во југоисточна Азија. Овој трансфер на оружје е исто така знак на нашата силна посветеност кон нашиот критички сојуз.“
О'Брајен истакнувајќи дека САД ги поддржуваат Филипините за задржување на суверенитетот во Јужнокинеско Море, предупреди: „Секој вооружен напад врз филипински авиони или бродови во Јужнокинеското Море од нас ќе бара да ги исполниме заедничките одбранбени одговорности.“