Büşra Nur Bilgiç
14 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
ПЈОНГЈАНГ
Доколку САД до крајот на 2019 година предложат план прифатлив за двете земји, севернокорејскиот лидер е подготвен повторно да се состане со американскиот претседател за да ги продолжат дипломатските напори во насока на мирот, објави официјалната новинска агенција на Северна Кореја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ким Јонг Ун во корејскиот Парламент рече дека е подготвен да учествува на 3. Самит со Доналд Трамп, доколку постигне договор кој е прифатлив за двете земји. Тој, исто така нагласи дека недоразбирањата околу нуклеарното вооружување и санкциите можат да се решат.
„Нема да се двоумиме да потпишеме праведен и заемно прифатлив договор, кој истовремено ги штити интересите на САД и Северна Кореја. Сѐ зависи од тоа како САД ќе пристапат по тоа прашање. САД преговорите ги започнаа со исклучително невоможни методи. Не беа подготвени да се соочат и да ги решат проблемите, ниту предлагаат паметни начини и методи“, рече Ким, и нагласи:
„Сакаме проблемите да се решат низ преговори и дијалог, но не на начин што го предлагаат САД. Не сакаме да видиме нов самит како оној во Ханој.“
Кон крајот на февруари оваа година, во Виетнам се одржа средба меѓу двајата лидери, кој заврши без договор. Првата средба меѓу Ким и Трамп се одржа во јуни минатата година во Сингапур.