Emel Öz Gözellik
25 Мај 2018•Ажурирај: 25 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Заменик министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Ке Гван, истакна дека и покрај тоа што американскиот претседател, Доналд Трамп, го откажа самитот со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, кој требаше да се одржи на 12 јуни, тие се отворени за средби со САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, Ким Ке Гван нагласил дека во кое било кое време се подготвени да седнат на преговарачка маса со САД со цел решавање на проблемите.
Ким истакнува дека одлуката на САД да не учествуваат на самитот ја покажува големината на непријателството меѓу двете земји, и дека одржувањето на еден самит помеѓу двајцата лидери ќе помогне во решавањето на непријателскиот пристап.
Според Ким, Северна Кореја е отворена за средби со САД, и дека можат да направат сè за мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров.