İdris Sülün
10 Септември 2022•Ажурирај: 11 Септември 2022
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Серија земјотреси со интензитет од 5,5 до 6,2 степени по Рихтер ја потресоа индонезиската покраина Западна Папуа, известува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија соопшти дека станува збор за четири земјотреси со магнитуда од 5,5 до 6,2 степени.
Епицентарот на земјотресите е регистриран на околу 37 километри северозападно од регионот Централен Мамберамо во Западна Папуа.
Шефот на Одделот за ублажување на земјотреси и цунами изјави дека нема опасност од појава на цунами и дека притисокот на тектонската плоча Мемберамо Анџак ја започнал серијата потреси.
Во неговата изјава се наведува дека засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета од земјотресите.