Burç Eruygur
20 Октомври 2022•Ажурирај: 21 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Денеска во украинскиот главен град Киев и во регионите Миколаев, Кировохрад, Черкаси и Полтава беа пуштени сирени за воздушна опасност, додека продолжувањето на ракетните и беспилотни напади во земјата влезе во својата втора недела, според официјални лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерите на регионите на нивните профили на Телеграм преку пораки издадоа предупредувања, повикувајќи ги локалните жители да се засолнат.
Во регионот Запорожје беше пријавено дека кај локално училиште паднала ракета, иако повеќе информации за уништувањето и можните цивилни повреди допрва треба да бидат објавени.
Во меѓувреме, локалните извештаи велат дека во Миколаев се слушнале експлозии, кои се случиле пред објавувањето на сирените за воздушна опасност.