Mohamad Misto,Muhammed Temim Hocaoğlu
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
ХАСЕКA (АА) - Во напад на американските воени авиони врз контролниот пункт на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад недалку до градот Хасекa е убиен еден, а ранети се двајца припадници на режимските сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што потврдија за АА локални извори, американскиот воен конвој е запрен на контролниот пункт на силите на Асад кај Камишли, поточно во селото Ебу ел Дехеб.
Откако силите на Асад не дозволија премин на конвојот, интервенираше авијацијата на Соединетите Американски Држави (САД).
Градот Хасекa, во североисточниот дел на Сирија, заеднички го контролираат силите на Асад и терористичката организација ЈПГ/ПКК.