Ömer Koparan,Mehmet Burak Karacaoğlu
02 Јуни 2021•Ажурирај: 03 Јуни 2021
МУНБИЧ/АЗАЗ/АНКАРА (АА) - Најмалку 8 цивили загинаа, а други 27 се повредени од понеделникот како резултат на истрелите од огнено оружје на терористичката ЈПГ/ПКК врз демонстрантите во подрачјето на Мунбич, северна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Протестите против присилното регрутирање деца од страна на ЈПГ/ПКК започнаа во центарот на градот Мунбич и во руралните делови и продолжуваат да се зголемуваат, и покрај полицискиот час што го наметна терористичката организација.
Демонстрантите бараат ставање крај на притворањата, укинување на „воениот рок“ [регрутирањето] и гонење на терористите кои отворија оган врз демонстрантите.
Терористите на ЈПГ/ПКК, кои отворија оган за да ги растераат демонстрантите, приведоа поголем број цивили кои учествуваа во народното движење во последните два дена.
Поради демонстрациите, терористичката организација испратила десетици свои припадници од северната покраина Рака и околината во Мунбич.
- Поддршка за жителите на Мунбич -
Жителите на сириски Азаз испратија поддршка до населението на Мунбич
Демонстрантите на собирот извикуваа слогани „Мунбич е слободен и ќе остане слободен“ и „Ние стоиме покрај жителите на Мунбич“.
Исто така, сириската привремена Влада упати остри критики кон терористичката организација за пукањето врз демонстрантите во Мунбич и ја повика меѓународната заедница да ја исполни својата одговорност за заштита на цивилите во подрачјето.
Понатаму, Советот на племињата на Сирија (СКАМ) исто така изрази поддршка за жителите на Мунбич.
„Со загриженост ги следиме случувањата во Мунбич. Го поддржуваме правичниот бунт на населението во Мунбич на сите начини. ЈПГ/ПКК е терористичка организација која служи на ненационални и сепаратистички проекти“, се вели во соопштението на Советот.
Тој ги повика жителите на Мунбич да ја поддржат Сириската национална војска (СНВ) за да ги спаси од терористите.
- Што се случува во Мунбич?
Населението на Мунбич, каде што Арапите сочинуваат 90 отсто од населението, од понеделникот протестира против присилното регрутирање на нивните деца.
Во понеделникот стотици луѓе се собраа во центарот на Мунбич и околните населени места во знак на протест против терористичката организација.
Еден цивил загина, а тројца беа повредени кога терористите отворија оган врз луѓето кои протестираа против присилното регрутирање.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК наметнува задолжителен „воен рок“ за девојчиња и момчиња родени помеѓу 1990 и 2003 година. Присилно регрутира арапски деца и тинејџери во неколку области, меѓу кои и Мунбич, Ајн ал Араб (Кобани), Камишли, Маликија, Хасека, Рака и Деир ез-Зор.
Документирајќи ги злоделата врз цивилите во Сирија, Сириската мрежа за човекови права во својот извештај објавен на 22 мај соопшти дека речиси 3.800 цивили се присилно држени во центрите за притвор основани од СДФ, предводен од терористичката ЈПГ/ПКК.