Mohamad Misto,Ethem Emre Özcan
07 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
ХАСЕКА
Терористичката организација ЈПГ/ПКК уби еден цивил и рани пет цивили од арапското племе со кои се судри во градот Тел Берак во покраината Хасека, кој го окупираше во североисточна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, терористите на ЈПГ/ПКК кои се обидуваа да украдат опрема од електраната во градот Тел Берак, северно од Хасека, наидоа на пречки од припадниците на арапските племиња во подрачјето.
Терористите отвориле оган врз цивилите за да го растераат лутото цивилно население.
Во инцидентот, еден цивил, припадник на арапското племе, го загуби животот, додека пет цивили се повредени, од кои четири потешко.
Ранетите, меѓу кои е и Хатап Хаснави ал Хатаб, син на шеикот од племето „Бу Хатап“, се префрлени во болницата „Камишли“.
Тензијата меѓу арапските племиња и ЈПГ/ПКК се претвори во судир, поради што терористичката организација испрати голем број на терористи во подрачјето.
Судирите во градот продолжуваат.