Ethem Emre Özcan,Ömer Koparan
15 Февруари 2021•Ажурирај: 17 Февруари 2021
ЏЕРАБЛУС (АА) - ОМЕР КОПАРАН/ЕТЕМ ЕМРЕ ОЗЏАН -
Терористичката организација ЈПГ/ПКК не им дозволува на цивилите од Џaрабулус да живеат безбеден живот напаѓајќи ги од фронтовите на територијата на областа Мунбич во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористичката организација од неодамна ги засили своите напади врз селото Токар на течението на Саџур, кој се влива во Еуфрат, со цел да ги расели жителите на регионот.
По расчистувањето на Џарабулус од тероризмот со операцијата „Штитот на Еуфрат“ во 2016 година, селото во кое живеат 5.000 цивили е најмногу напаѓано од терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Во селото, кое е под контрола на Сириската национална војска (СНВ), некои куќи, селското училиште и една пекарница беа оштетени во неодамнешните артилериски и минофрлачки напади на ЈПГ/ПКК од територијата на Мунбич.
Луѓето живеат во страв и сакаат нападите на ЈПГ/ПКК насочени кон цивилите да престанат што е можно побрзо.
- „Од страв не можеме децата да ги испратиме на училиште“ -
Мухамед Џума, жител на селото Токар, во изјавата за Агенција Анадолија рече: „Нашето село постојано е напаѓано од терористичката организација ЈПГ.“
Наведувајќи дека некои жители на селото ги напуштиле своите домови како резултат на нападите на организацијата, Џума нагласи: „Здравствениот дом во селото е затворен. Од страв не можеме да ги испратиме нашите деца на училиште.“
Додавајќи дека тие често се напаѓани од терористичката организација по операцијата „Штитот на Еуфрат“, Џума истакна:
„Ние во селото се занимаваме со земјоделство и сточарство. Во нападите со минофрлачи умираат и наши животни. Од страв нашите деца не можат да излезат надвор.“