Adem Şalvarcıoğlu
10 Септември 2018•Ажурирај: 11 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во сообраќајна несреќа во Индонезија, во која автобус падна во провалија, животот го загубија 21 лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, во градот Сукабуми, во провинцијата Западна Јава, автобусот паднал во провалија длабока 30 метри.
Во несреќата животот го загубиле 21 лице, а 9 се повредени.
Во вестите се наведува дека автобусот кој тргнал од градот Богор, превезувал туристи кон градот Сукабуми.