Erdoğan Çağatay Zontur
13 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
АНКАРА/ХАСЕКА
Терористичката организација ЈПГ/ПКК изнудува пари од жителите во северна Сирија, велат локални извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Група од двајца до тројца терористи одат од врата на врата и бараат пари од луѓето, 1.000 сириски фунти или околу 2 американски долара, тврдејќи дека собираат пари за месецот на постот рамазан.
На жителите им е страв да се спротивстават на терористите.
Тие исто така ги запишуваат имињата на оние што не сакаат да дадат пари.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.