Dildar Baykan
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека епидемијата од новиот вид на коронавирус, Ковид-19 се појавила веднаш по потпишувањето на трговскиот договор со Кина, и дека дури и 100 трговски договори со Кина нема да ги надоместат изгубените животи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Трамп, во објавата на својот официјален Твитер профил напиша: „Долго време кажував дека потпишување договор со Кина е скапа работа.“
Наведувајќи дека набргу по потпишувањето на трговскиот договор со Кина се појавила епидемијата Ковид-19 со кого се соочува целиот свет, Трамп рече: „Дури и 100 трговски договори со Кина нема да ги надомести изгубените невини животи.“