Ömer Olcay
04 Јануари 2020•Ажурирај: 06 Јануари 2020
АНКАРА
Турските сили неутрализираа двајца терористи на терористичката организција ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку соопштение го потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во ова соопштение се вели дека е извршена воздушно поддржана операција во подрачјето на Авашин-Басјан, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак, против терористите на ПКК.
„Двајца терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК, кои биле во подготовка за вршење активност во подрачјето на Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак, се неутрализирани како резултат на воздушно поддржаната операција. Нашите операции ќе продолжат без прекин“, се додава во ова соопштение.