Dilara Hamit
31 Јануари 2020•Ажурирај: 01 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Грчки парламентарец кој го искина турското знаме и го фрли на подот во Европскиот парламент (ЕП) ќе се соочи со кривична истрага во Турција, сооптија турските обвинители, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите од главниот град Анкара соопштија дека Јанис Лагос, грчки европратеник од екстремната десница, ќе биде под истрага поради навреда на суверенитетот на државата според член 300 од Турскиот кривичен законик.
За време на вчерашна расправа во Европскиот парламент за големиот број мигранти на грчките острови, Лагос ја обвини Турција за „приливот на мигранти кои влегуваат во“ неговата земја.
Потоа тој го искина на парчиња хартиеното турско знаме и ги фрли парчињата на подот.
Лагос е еден од најпознатите претставници на екстремно-десничарската, расистичка партија Златна Зора.
Во 2019 година беше прогласен за виновен за напад на центар во Атина во кој беа згрижени баратели на азил.
Потегот на Лагос беше осуден од страна на турскиот министер за надворешни работи и владејачката партија, како и грчкото Министерство за надворешни работи.
Минатиот октомври, италијанскиот европратеник Анџело Чиока беше суспендиран од активностите во ЕП на неколку дена поради фрлање на кутија со турски слатки за време на расправата за турската антитерористичка операција „Извор на мирот“ во северна Сирија.