Burç Eruygur
05 Декември 2022•Ажурирај: 06 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Експлозии се забележани денес во повеќе региони на Украина, по предупредувачките сирени за опасност од воздушни напади што одекнаа низ целата земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните власти преку Телеграм ги повикаа жителите да се упатат кон засолништата, додека официјалните претставници на регионите Централна Полтава и Киев соопштија дека се слушнати експлозии.
„Во Полтавската Област, на сила е воздушната одбрана. Останете во засолништата“, предупреди гувернерот на Полтава, Дмитро Лунин, преку Телеграм.
И украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко ги потврди експлозиите во регионот на Киев преку Телеграм.
Гувернерот на Виница, Серхиј Борзов, и гувернерот на Миколаив, Виталиј Ким, јавија за ракети над нивните региони.
Не се огласија сирените за напади во Крим, кој Русија нелегитимно го анектира во 2014 година.
Сирените за воздушни напади се секојдневие во Украина поради ракетните и нападите со дронови, кои ја имаат како цел цивилната и енергетската инфраструктура на земјата.