Faruk Zorlu
26 Септември 2018•Ажурирај: 26 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Хаштагот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „#WorldIsBiggerThan5“ вчера стана вирален хит на Твитер, пренесува Anadolu Agency (AA).
По обраќањето на 73. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), Ердоган го сподели хаштагот „#WorldIsBiggerThan5“, кој брзо стана хит на социјалните мрежи.
„Ние треба да ги направиме Обединетите нации извор на правда, наместо суровост. Турција продолжува со своите напори за поправеден свет. Ги повикуваме сите страни да заземат принципиелен став против терористичките организации во Сирија“, напиша Ердоган на неговиот профил на Твитер.
„Ги повикувам сите пријатели на Турција да преземат дејствија против терористичката организација ФЕТО, чии припадници ги зедоа животите на 251 турски граѓани ноќта на 15 јули, 2016 година“, додаде Ердоган.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули, 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на власта со инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.
„Турција се залага за слободна трговија и за слобода на движењето на луѓето. Како и на другите полиња, очекуваме одговорно делување и за прашања поврзани со економијата и трговијата“, напиша Ердоган во друга објава која исто така го носеше хаштагот „#WorldIsBiggerThan5“.