Ekipa
20 Март 2025•Ажурирај: 21 Март 2025
ВАЛЕНСИЈА (АА) - Жителите на Валенсија, источна Шпанија, синоќа го одбележаа фестивалот „Лас Фалас“, кој датира од 18-от век, јавува Анадолу.
Столари и уметници излегоа на улиците на градот со своите изработки на стотици фигури кои макотрпно ги подготвувале во текот на целата година.
На свеченостите учествуваа и парови облечени во традиционални носии, придружувани од бенд кој маршираше.
Фестивалот „Лас Фалас“ потекнува од старата традиција на столарите, кои го прославувале доаѓањето на пролетта на 19 март со палење на парчињата дрво што ги користеле за нивните светилки во текот на зимата.