Ekipa
12 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
АМАН (АА) - Јордански војник, кој беше осуден за убиство на седум израелски девојчиња беше ослободен откако одлежа 20 години затвор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ахмед Дакамешех во 1997 година отвори оган врз група ученички за време на екскурзија во пограничната област меѓу Израел и Јордан.
За убиството доби максимална 20-годишна казна, колку што предвидува јорданскиот закон за тоа дело, откако воениот суд го прогласи за ментално нестабилен.
Локалните медиуми објавија дека Ахмед Дакамешех пристигнал во своето родно село во близина на градот Ирбид рано во неделата.
Израел сè уште не се огласил по повод ослободувањето на јорданскиот војник.
Jордан во 1994 година потпиша мировен договор со Израел, со што стана втора арапска земја, по Египет, којa постигна мир со државата Израел.