Şeyma Uzundere
11 Јануари 2024•Ажурирај: 12 Јануари 2024
ПАРИЗ (АА) – Поранешната француска кошаркарка Емили Гомис е разрешена од улогата амбасадорка на Олимписките игри во Париз поради објава на социјалните мрежи во која го критикува Израел, пренесува Анадолу.
Комитетот на Олимписките игри во Париз донесе одлука со која поранешната славна кошаркарка Гомис се обвинува дека го прекршила кодексот на непристрасност критикувајќи ја на социјалните мрежи окупаторската политика на Израел.
Медиумската куќа „Франс инфо“ јави дека поради тоа Гомис е разрешена од должноста амбасадорка на претстојната Олимпијада.
Гомис на 9 октомври објави пост на Инстаграм со три карти на Франција над кои беа испишани 1947, 1967 и 2023 година, а на кои француското знаме постепено се покрива со израелското.