Fatih Erel
03 Декември 2021•Ажурирај: 04 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Синоќа се одиграа пет натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Тимот на Мемфис Гризлис го совлада Оклахома Сити Тандер со 73 поени разлика, 152:79, и ја постигна победата со највисока разлика во историјата на НБА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Девет играчи на Гризлис постигнаа двоцифрен број на поени. Најпрецизен играч во редовите на Гризлис беше Џарен Џексон, постигнувајќи 27 поени, 3 скока, 1 асистенција, а дабл-дабл учинок од 18 поени, 10 скока, 3 асистенции оствари Санти Алдама.
Историскиот пораз на Оклахома Сити Тандер од 73 поени разлика го урна стариот рекорд од дуелот меѓу Кливленд Кавалирс и Мајами Хит одигран на 17 декември 1991 година. На тој натпревар Кавалирс извојува победа од 68 поени разлика (148:80) над Хит.
Во февруари оваа година Оклахома Сити Тандер на домашен терен загуби од Индијана Пејсерс со 57 поени разлика (95:152).
- Санс постави клупски рекорд со серија од 18 победи -
Феникс Санс го совлада Детроит Пистонс со 114:103 и постави клупски рекорд со серија од 18 последователни победи.
Минатогодишниот финалист Феникс Санс, со победата над Пистонс нанижа 18 победи во серија и го собори клупскиот рекорд.
Најпрецизни кошаркари во редовите на Санс беа Камерон Пејн со 19 поени, 6 скока, 3 асистенции, Камерон Џонсон со 19 поени, 6 скока, 2 асистенции и Микал Бриџис со 18 поени, 5 скока. Дабл-дабл постигнаа Деандре Ејтон со 17 поени, 12 скока, 2 асистенции и Крис Пол со 12 поени, 12 асистенции, 1 скок.
Џереми Грант од Детроит Пистонс беше најпрецизниот играч на натпреварот, постигнувајќи 34 поени, 6 скока, 3 асистенции.
- Резултати:
Мемфис Гризлис - Оклахома Сити Тандер 152:79
Њујорк Никс - Чикаго Булс 115:119
Торонто Репторс - Милвоки Бакс 97:93
Феникс Санс - Детроит Пистонс 114:103
Портланд Треил Блејзерс - Сан Антонио Спарс 83:114