Tuba Şahin
20 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
АНКАРА (АА) - „Turkish Cargo“, подружница на авиопревозникот „Turkish Airlines“, пренесе 186 историски артефакти во главниот град на Јапонија, Токио, како авиопревозник спонзор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на „Turkish Cargo“, историските артефакти во сопственост на палатите Долмабахче и Топкапи во Истанбул, ќе бидат изложени на изложбата под наслов „Османлиското Царство и културата на лалињата“.
Изложбата се одржува како дел од настаните планирани за 2019 година, која беше прогласена за „Година на турската култура“ во Јапонија.

Изложбата ќе биде поставена во Националниот уметнички центар во Токио, од 20 март до 20 мај, и во Националниот музеј на современа уметност во Кјото, од 14 јуни до 28 јули.
Меѓу артефактите, кои со години се чувани во палатата Топкапи, е и креветот на Сулејман Величенствениот, кафтанот на султанот Осман II, церемонијално шише и друго.
Артефактите од палатата Долмабахче вклучуваат вазна „Yusen-shippo“, дрвена маса за пишување и бамбусово огледало кои биле поклонети на султан Абдулхамид II од јапонскиот цар Меиџи.