Ekip
01 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Започна гласањето за избор на фотографија на годината, со што ќе биде избрана најдобрата фотографија на фоторепортер на АА за 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Изборот за најдобра фотографија во Агенцијата првпат се одржа во 2012 година, а оваа година најдобрата ќе биде избрана меѓу 68 фотографии што фоторепортерите на АА, меѓу останатото, ги направија на подрачјето на Турција, Сирија, САД, Сомалија, Бангладеш, Саудиска Арабија, Ирак, Србија, Јемен, Франција, Велика Британија, Русија, Украина, Јужен Судан, Мадагаскар и Палестина.
Се бираат фотографии од три категории: вест, живот и спорт. Во катеоријата вест, во гласањето учествуваат 21 фотографија, во категоријата живот 24 и во спорт 23.
Фотографиите што се во конкуренција за најдобра фотографија денес се отворени за гласање со титлови на турски и на англиски јазик.
Во сега веќе традиционалното гласање учествуваа претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим, министри, спортисти како и голем број уметници.
Во минатогодишното гласање учествуваа 165.000 лица. Во овогодишното гласање, кое трае до 31 декември, може да се учествува преку интернет-страницата „www.aa.com.tr“.