Nilay Kar
19 Декември 2018•Ажурирај: 20 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Турската асоцијација на издавачи од Анадолија (AYD) ја прогласи Anadolu Agency за „Новинска агенција на годината“, јавува Anadolu Agency (АА).
Заменик генералниот директор, Метин Мутаноглу, ја прими наградата која беше претставена вчера, од поранешниот претседател на Парламентот, Булент Аринч, за време на церемонијата на 4. Медиумски награди на Анадолија во главниот град Анкара.
На церемонијата, исто така, беа присутни и портпаролот на претседателот, Ибрахим Калин, министерот за правда, Абдулхамит Ѓул, министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, и министерката за семејство, труд и социјални услуги, Зехра Зумрут Селџук, како и голем број заменици и медиумски претставници и новинари.
Нагласувајќи дека Anadolu Agency се стремела да биде гласот на Анадолија уште од своето основање во 1920 година, Мутаноглу рече дека ќе продолжат да го прават тоа.
Мутаноглу рече дека ја прима наградата во име на сите вработени на Anadolu Agency и во име на фоторепортерот од Алепо,Салих Махмуд Лејла, кој во 2015 година го загуби својот живот при експлозија на автомобил бомба во северниот сириски град Хурајтан.
Основана во 1920 година, Anadolu Agency е докажана глобална новинска агенција која е присутна во повеќето најголеми подрачја во светот, вклучувајќи ги Америка, Европа, Блискиот Исток, Азија и Пацификот, и опслужува претплатници во над 100 земји од светот.
За своите претплатници Агенцијата произведува вести на 13 јазици: турски, англиски, арапски, БХС (босански, хрватски, српски), руски, курманџи, сорани, персиски, француски, албански, македонски, индонезиски и шпански.