Seyit Ahmet Aytaç
19 Декември 2018•Ажурирај: 20 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили во Истанбул уапсија 17 осомничени лица поради нивната поврзаност со терористичката група ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (АА).
Според полициски извори кои зборуваа под услов да останат анонимни, антитерористичките тимови спровеле истовремени рации на 19 адреси во 11 подрачја низ градот, со цел фаќање на осомничените со странско потекло, кои наводно планирале терористички напади.
Полицијата за време на рациите, исто така, заплени и нелегални документи, книги и дигитален материјал.
Повеќе од 300 лица ги загубија своите животи во нападите на ДЕАШ во Турција во изминатите неколку години, каде што терористичката организација со бомбшки, ракетни и вооружени напади ги има за цел цивилите.