Havva Kara Aydın
28 Февруари 2020•Ажурирај: 29 Февруари 2020
ЕДРEНЕ (АА) - Поради даденото зелено светло да си го пронајдат патот кон Европа, стотици нерегуларни мигранти денес пристигнаа во турските крајбрежни региони и погранични градови за да го сторат токму тоа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турските власти претходно најавија дека повеќе нема да ги спречуваат нерегуларните мигранти на нивниот пат кон Европа. Турција веќе е домаќин на околу 3,6 милиони мигранти само од Сирија - повеќе од која било друга земја во светот - и потсети дека Европа не успеа да ги одржи своите ветувања за да им помогне на мигрантите, како и во помошта кон Турција во запирањето на брановите мигранти.
Нерегуларните мигранти, меѓу кои има и жени и деца, се упатуваат кон пограничните села на западните турски области Едрене и Чанаккале за да стигнат до Грција.
Движењето на мигрантите започна во текот на ноќта и се интензивираше до утринските часови.
Нерегуларните мигранти се упатија и кон подрачјата на крајбрежјето на Егејското Море за да преминат на грчките острови.
Групи мигранти се упатија и кон Чешме, Карабурун и Сеферихисар во областите Измир и Кушадаси, како и кон Дикили во областа Ајдин.
Веста дојде како резултат на нападите што се интензивираат во сириската покраина Идлиб, каде што околу еден милион бегалци бегаат од нападите на режимот на Асад кон јужната граница на Турција.