İsa Toprak
24 Септември 2022•Ажурирај: 25 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили на Туркије неутрализираа седум припадници на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, соопшти денес турското Министерство за одбрана, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека успешно продолжува операцијата „Канџа-катанец“ во северниот дел на Ирак, каде што турските сили неутрализираа уште седум терористи.
Туркије започна низа операции против ПКК во северниот дел на Ирак во 2020, а последната операција наречена „Канџа-катанец“ започна во април оваа година, со цел откривање на засолништата на терористите на ПКК во северноирачките подрачја, особено во подрачјето на Метина, Зап и Авасин-Басјан.
Претходно започнатите операции „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ во 2020 година, беа со цел да се осигури безбедноста на турскиот народ и границата на земјата, неутрализирајќи ја заканата од ПКК и останатите терористички групи кои го користат северен Ирак за планирање на прекугранични напади.
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Туркије, но и во северните делови на соседен Ирак и Сирија.
ПКК е терористичка организација што се наоѓа на листата на терористички групи во Туркије, Европската Унија и САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.