Mehmet Yavaş
24 Септември 2022•Ажурирај: 29 Септември 2022
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Најмалку шест лица ги загубија животите, а 15 се спасени при потонување на чамец со нерегуларни мигранти во близина на брегот на местото Ајваџик, во турската провинција Чанаккале, известува Агенција Анадолија (АА).
По пријавата дека кај селото Бабакале потонал чамец, екипи на Крајбрежната стража се упатиле на местото на настанот.
Екипи од Канцеларијата за вонредни ситуации (АФАД) и тимови на жандармеријата се упатија на терен.
Како што се дознава, екипите успеале да спасат 15 лица кои биле во опасност од давење и ги извлекле на брегот.
Пронајдени се телата на шест лица. Во тек се акции за пребарување и спасување на уште едно лице кое се води како исчезнато.