Sefa Mutlu,Lale Bildirici
30 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го отвори реставрираното турбе на султанот Мехмед Фатих во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Турбето се наоѓа во комплексот на Фатих џамијата, а на свеченото отворање присуствуваа и турскиот министер за култура и туризам, Нуман Куртулмуш, гувернерот на Истанбул, Васип Шахин, истанбулскиот муфтија Хасан Ќамил Јилмаз и бројни официјални претставници и гости.
Турскиот претседател упати благодарност до сите кои помогнаа во реализацијата на проектот за реставрација на турбето.