Diyar Güldoğan
29 Ноември 2022•Ажурирај: 30 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије бележи високи бројки во туристичкиот сектор и покрај последиците од глобалната пандемија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Иако направивме пауза за време на периодот на глобалната пандемија, ние сите го доживуваме врвот во нашата земја и во однос на бројот на туристи и на приходите од туризмот“, изјави Ердоган на 7. Генерално собрание на Турската федерација на хотелиери во главниот град Анкара.
Ердоган рече дека Туркије се искачила на четвртото место во светот според бројот на туристи во 2021 година и на осмото место во приходите од туризмот, што тој го опиша како знак дека земјата оваа година ќе достигне уште подобра позиција.
Тој истакна дека Туркије е погодна за развој и раст на туристичкиот сектор со сите нејзини региони и градови.
„Во овој период кога нашите конкуренти во туризмот го загубија импулсот поради ефектите од глобалната криза, нашиот начин да се искачиме до светското лидерство е јасен со многу понапорна работа“, нагласи турскиот претседател.
„Туркије има за цел да избегне пропуштање можности ставајќи ја земјата во центарот на преобликуваната глобална, политичка и економска архитектура“, додаде Ердоган.