Muhammed Enes Çallı
24 Ноември 2023•Ажурирај: 26 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Туркије значи „безбедно засолниште“ за време на тешки времиња, јавува Анадолу.
Ердоган се обрати на церемонијата за доделување награди во рамки на „Innova-League“, прва програма на Туркије за развој на иновации.
Критикувајќи го пристапот на некои земји кон израелско-палестинскиот конфликт, Ердоган рече: „За разлика од оние кои денес молчат пред израелската бруталност, ние не сме биле вклучени во геноцид и експлоатација.“
„Никогаш не сме дале согласност за угнетување во ниту еден момент во нашата историја“, додаде Ердоган.
„Туркије сака своите достигнувања во беспилотните летала и вооружените беспилотни летала да ги прошири на проектили, бродови, оклопни возила, камери, системи за противвоздушна одбрана и системи за електронско војување“, нагласи тој.
Меѓу другото, турскиот претседател истакна дека заклучно со октомври, извозот на Туркије достигна 254,8 милијарди долари во последните 12 месеци.