İzzet Taskiran
05 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Низ меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, вчера поминале 110.273 патници, со што е соборен рекордот на дневна база, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделот за управување и инвестиции на аеродромот преку социјалните мрежи сподели информации за користењето на аеродромот за време на бајрамските празници.
„Со 110.273 патници опслужени на 4. септември, го срушивме рекордот на сите времиња на дневна база. За време на 11-дневните празници меѓу 25 август и 4 септември, дојдовме до вкупен број од 1.096.291 патници. Во истиот период, бројот на летовите изнесуваше 7.173. Им благодариме на сите гости“, се наведува во соопштението на Одделот.