Süleyman Elçin,Fatih Hepokur
23 Ноември 2023•Ажурирај: 29 Ноември 2023
АНТАЛИЈА (АА) - „Операција за евакуација на лица што не се борци“ е изведена во рамките на „Вежбата Источен Медитеран-2023“, организирана под команда и раководство на Командата на поморските сили, известува Анадолу.
Вежбата, чиј домаќин беше Туркије и на која учествуваа бродови, персонал и набљудувачи од осум земји, се одржа во близина на брегот на областа Коњаалти во Анталија.
Командантот на турските поморски сили, адмирал Еркумент Татлиоглу, претставниците на земјите учеснички и набљудувачите, заедно со новинарите ја следеа операцијата од бродот „Анадолу“ од турско производство, најголем воен брод на турските вооружени сили.
Во операцијата во која, според сценариото, од брегот до бродот се евакуираа граѓани погодени од земјотрес, започна откако своето место го зазеде адмирал Татлиоглу. Според сценариото, со цел да се спасат цивилите што се наоѓаа на брегот, амфибиските поморски пешадиски единици, специјални воени тимови, три механизирани десантни брода, четири оклопни амфибиски јуришни возила и 2 чамци од бродот „Анадолу“ испловија кон морето.
Во меѓувреме, другите амфибиски поморски пешадиски единици на бродот дојдоа до брегот на плажата Сарису со воени хеликоптери и ја осигурија безбедноста на крајбрежјето.
На брегот пристигнаа механизирани десантни бродови и оклопните амфибиски јуришни возила, кои пренесуваа оклопен транспортер и воени единици, по што успешно ги собраа цивилите и ги пренесоа на бродот „Анадолу“.
Во рамките на вежбата со хеликоптер на „Анадолу“ беа пренесени и цивил што беше повреден и персонал од подморницата со здравствени проблеми.
Откако воените единици пристигнаа на бродот и ги подигнаа турските и азербејџанските знамиња, хеликоптерите го поздравија адмиралот Татлиоглу
На вежбата, која ќе продолжи до 25 ноември, се вклучени 26 бродови, 4 подморници, 3 поморски погранични авиони, 10 поморски хеликоптери, 5 беспилотни летала, 1 воен хеликоптер CH-47, 3 хеликоптери за општа намена, 1 амфибиски морски пешадиски баталјон и голем број специјални воени единици.