Hüseyin Cem Dağıstanlı
07 Октомври 2023•Ажурирај: 07 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили на Туркије неутрализираа 14 припадници на терористичката организација ПКК/ЈПГ во северните делови на Сирија, соопшти денес турското Министерство за одбрана, известува Анадолу.
Од министерството наведуваат дека локации на ПКК/ЈПГ во северна Сирија во зоните на операциите „Штитот на Еуфрат“, Малинова гранка“ и „Извор на мирот“ биле интензивно гранатирани во текот на ноќта.
Во соопштението насловено „Уништуваме терористички дувла“ се наведува дека според првично утврдените податоци, неутрализирани се најмалку 14 терористи.
Споделени се и снимки на кои можат да се видат моменти кога се погодени локации кои им припаѓаат на терористичката организација ПКК/ЈПГ.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската унија и во САД. Во текот на 35 годишната кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и новороденчиња. ЈПГ е огранок на терористичка организација ПКК кој делува во Сирија.