Ruslan Rehimov
10 Ноември 2020•Ажурирај: 10 Ноември 2020
БАКУ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му ја честиташе победата остварена во Нагорно Карабах, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението дадено од азербејџанското Претседателство се наведува дека Ердоган и Алиев оствариле телефонски разговор.
Се истакнува дека лидерите во телефонскиот разговор си честитале за брилијантната победа на Азербејџан во војната во Карабах.
Според соопштението, Алиев уште еднаш им се заблагодари на Ердоган и на турскиот народ за нивната политичка и морална поддршка на Азербејџан за време на војната.
Ердоган, исто така, му се заблагодари на Алиев што ја прифати поддршката од неговата земја.
Лидерите наведоа и дека пријателските и братските земји Турција и Азербејџан ќе продолжат да бидат едни покрај други.
Лидерите се осврнале и на турско-рускиот мировен центар што треба да се формира за контрола на примирјето во Нагорно Карабах.
Тие меѓу другото изразија верување дека овој центар ќе придонесе за воспоставување траен мир во регионот.