Fırat Taşdemir
22 Октомври 2022•Ажурирај: 23 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Туркије соопшти дека е фатен и лишен од слобода Кадир Сезгин, член на терористичката организација ПКК за кого имало потерница бидејќи е обвинет за 23 тешки кривични дела, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дела приведениот е фатен од страна на жандармериска патрола во турската југоисточна област Ширнак додека се возел со такси на патот Силопи - Џизре.
Во таксито биле уште две лица осомничени за членство во терористичката организација ПКК/ЈПГ.
Приведениот терорист Кадир Сезгин, кој го користел кодното име „Баран Амед“ и се товари за 23 кривични дела, во редовите на терористичката ПКК стапил во 2005 година, а учествувал во терористичкиот напад и убиство на двајца турски полицајци во Османије во 2011 година и во терористичките напади на полициските станици во Хатај во 2012 година.