Oktay Özden
22 Октомври 2022•Ажурирај: 24 Октомври 2022
АНТАЛИЈА (АА) - Анталија, една од најпопуларните туристички дестинации во Туркије, овој викенд угости голем број домашни и странски туристи, кои одлучија сончевото време да го искористат за капење во Медитеранот, известува Агенција Анадолија (АА).
Температурата на воздухот изнесуваше 26,5 степени Целзиусови, а на морето 25, поради што многумина денес се одлучија денот да го поминат на плажите и во парковите.

Голем број капачи посакаа максимално да го искористат октомврискиот сончев викенд.
Метеоролозите најавуваат дека максималната температура на воздухот би можела да достигне 26,9 степени, а во текот на ноќта би паднала за три степени.