Sidar Can Eren
06 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
ТУНЏЕЛИ (АА) - Пределот во околината на турскиот град Оваџик деновиве е украсен со „пролетната убавица“, цвеќето предвесник на пролетта и симбол на храброста, пишува Агенција Анадолија (AA).
Оваџик се наоѓа на надморска височина од околу 1.500 метри и е дом на природните бисери на Националниот парк „Мунзур“, водопадот Четириесет скалила и долината Мерџан, а сите овие пејзажи ги поврзува синиот цвет на scilla siberica.
Крајот на зимата и почетокот на пролетта во оваа периферија на Тунџели го најавува токму ова растение што со листовите налик на меч го пробива снегот и го најавува будењето на природата. Називот на турски јазик „карделен“ (она што го пробива снегот) го добило токму според тоа.
Жителот на селото Саритосун, Нихат Дермен, вели дека цветањето на ова цвеќе им носи поттик на луѓето по неколкумесечната зима.
„Зимите тука се сурови. Затоа пролетта со нетрпение ја очекуваме и тука таа е магична. На планините сè уште има снег, а долините се зазеленети“, рече Дерман.
Иако не расте повеќе од 20 сантиметри, овој вид кокиче го прикажува својот раскош со цветање на широките полиња и планински предели.