Zuhal Demirci
04 Јануари 2020•Ажурирај: 05 Јануари 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со шефот на иранската дипломатија, Џевад Зариф, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Телефонскиот разговор меѓу двајцата министри го потврдија дипломатски извори.
Се вели дека Чавушоглу и Зариф разговарале за убиството на генерал Касим Сулејмани, командантот на Силите на Ерусалим при Иранската револуционерна гарда.