Halil İbrahim Sincar,Muhammed Furkan Güneş
26 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
МАРДИН (АА) – ИБРАХИМ СИНЏАР/ФУРКАН ЃУНЕШ –
Турските војници кои се наоѓаат во регионот на операцијата „Извор на мирот“, ослободен од терористичките елементи, со домашно и национално оружје се борат против тероризмот во регионот, пишува Агенција Анадолија (АА).
Турските војници, кои воспоставија мир и безбедност во областа со операцијата „Извор на мирот“ во Сирија, неутрализирајќи ги припадниците на терористичките организации КЏК/ПКК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, континуирано продолжуваат со нивната борба за да спречат повторно враќање на тероризмот во регионот и за да цивилите не бидат повторно угнетувани и прогонувани.
- Терористичките елементи се откриваат со локални радари и се неутрализираат со домашно оружје -
Турските војници кои се наоѓаат во базата во областа Рас ал Ајн Мешрефет, расчистена од терористичките елементи, користат домашно и национално оружје за спречување на инфилтрација на терористите во регионот.

Исто така, во деноноќните патролни и извиднички мисии во областа, турските војници се опремени со национални пешадиски и снајперски пушки.
Терористичките елементи што се откриваат со воените радари од локално и национално производство, се неутрализираат со оклопни борбени возила и тешко оружје.

Турските војници, кои со голема прецизност ги погодуваат целите, не дозволуваат терористичките елементи да влегуваат во областа, а со тоа обезбедуваат постојан мир и безбедност во регионот.
Истакнувајќи дека секогаш се на својата задача за единството на земјата и за мирот на нацијата, турските војници потенцираат дека терористичките елементи, што се утврдуваат со радарите, се неутрализираат истовремено.