Erdoğan Çağatay Zontur
08 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
ИЗМИР (АА) - Вкупно 60 баратели на азил, од кои половина деца, се спасени недалеку од турскиот брег на Егејското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турската крајбрежна стража соопшти дека спасена е група Авганистанци, меѓу кои имало 33 деца, кои со чамец сакале да преминат на грчките острови.
Турција е главна транзитна рута за мигрантите кои имаат за цел да преминат во Европа за да започнат нов живот, бегајќи од војна или прогон.
Минатата недела турските власти соопштија дека повеќе нема да ги спречуваат барателите на азил да стигнат до Европа, но нагласија дека нема да бидат дозволени премини со чамци, поради опасноста.
Турција, која веќе е домаќин на скоро 4 милиони Сиријци, повеќе од која било друга земја во светот, нагласи дека нема да може да прими уште еден бегалски бран.