Nazlı Yüzbaşıoğlu
25 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со новоназначениот министер за надворешни работи, Михаел Линхарт, на кого му честита за стапувањето на функцијата, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Себастијан Курц на 9 октомври поднесе оставка од функцијата австриски канцелар поради истрагата за корупција.
Поранешниот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, поднесе оставка на 11 октомври за да положи заклетва како нов канцелар.
Линхарт, висок дипломат кој е роден во Турција, го замени Шаленберг како нов министер за надворешни работи.