Sertaç Bulur
20 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Турските безбедносните сили неутрализираа четворица терористи на ПКК во антитерористички воздушни операции реализирани во северен Ирак, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека операцијата „Канџа-Тигар“ продолжува успешно.
Четворица терористи на ПКК забележани во регионот Хафтанин во северен Ирак се неутрализирани во воздушни операции, се нагласува во соопштението, и се додава дека операциите ќе продолжат сè додека не биде неутрализиран и последниот терорист.
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во рамките на Турција, но и на северот на соседните Ирак и Сирија.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.