Cankut Taşdan
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека четворица терористи на ПКК, кои избегале од нивното засолниште во северен Ирак, се предале на турските безбедносни сили во Силопи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана се истакнува дека
„Како последни кои избегаа од нивното засолниште во северен Ирак, терористите се предадоа на турските безбедносни сили во Силопи“, се нагласува во соопштението на Министерството.
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во рамките на Турција, но и на северот на соседните Ирак и Сирија.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.