Can Erözden
03 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Република Турција ги негираше наводите на медиумите и тврдењата на Амнести Интернешнал за наводно присилно враќање на сириските бегалци од Турција во Сирија, јавува Anadolu Agencu (AA).
Во писмената изјава на Министерството за надворешни работи се наведува дека Турција ја спроведува политиката на “отворени врати” за сириските бегалци и дека Анкара целосно ги почитува меѓународните обврски, вклучувајќи ја и забраната протераните да се препуштат во рацете на прогонувачот.
Се наведува дека во Турција моментално се згрижени најмалку 2,7 милиони бегалци од Сирија и дека сите имаат бесплатно здравствено осигурување, образование, храна и друго, и дека во јануари оваа година на Сиријците во Турција им е овозможено да добијат и работни дозволи.
“Турција е земја која прима и згрижува најголем број на бегалци во светот и многу е јасно дека Турција ги почитува своите меѓународни обврски. Ние одлучно и посветено работиме на згрижувањето и безбедноста на Сиријците кои избегаа од насилството и војната во нивната земја”, се наведува е во изјавата на Министерството.